03-Manager

Page 48

MANAGER.MK MANAGER

БР ОЈ 3 I ФЕВРУАРИ I 202 1

С ТАВ

48

ПАНДЕМИЈАТА ГИ ОБЛИКУВА РАБОТНИТЕ ПРОСТОРИ

Р

аботењето во внатрешна физичка средина, поточно во канцелариската, доби доминантна улога во животот на поголемиот дел од работното население, како и на општествата во целина во развиените светски економии на денешницата. Најголемиот дел од работното време на современиот човек се одвива во канцелариски простор. Канцеларијата е место од каде менаџерите ги раководат компаниите, простор во кој се изработуваат проекти и дизајни, се утврдуваат политички платформи и стратегии, се одвиваат сите бирократски процеси во управувањето со цивилните општества на сите нивоа, се одвиваат стручно - научни истражувања за глобален опстанок и развој на човештвото. Канцеларијата на денешницата е резултат на процесите кои донесоа драматични промени на условите за вработените и за компаниите во период од крајот на дваесеттиот и почетокот на дваесет и првиот век. Сето ова се промени за миг со појавата на пандемијата од Ковид-19 која од темел го промени животот на луѓето и организацијата на општествата. Одеднаш

се затворија повеќето од канцелариите во светот и работната сила беше реорганизиранa за работа од дома. Ако до вчера социјалниот момент беше сугериран и форсиран, од сега главното мото е „Социјалното дистанцирање“ кое стана новото нормално. Сите ние станавме дел од најмасовниот експеримент во светот а тоа е „работа од дома“.

„Домашниот модел“ на работа нема целосно да ја елиминира канцеларијата Но, поголем дел од деловните заедници, особено оние со завидна технолошка и организациска опременост, успешно преминаа во „Домашен модел“ на работа користејќи ги во поголема мера веќе познатите методи на работа кои лесно допуштија замаглената остра граница помеѓу работата и домот да исчезне. Пример за ова е т.н. „телекомјутинг“ (tele-commuting) или т.н. теле-работење (tele-working) од дома, што на работата и даде нова улога и во однос на вработените, и во однос на организацијата, и денес овозможи мек премин кон протоколите за заштита од сeприсутниот вирус на Ковид-19. Ако тогаш, канцеларијата веќе стана еден вид на некаков камп или база, а за некои


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.